ВАЛДИР СЕГАТО стана познат во јавноста поради неговите огромни мускули, кои му се должат на инјекции на специјална мешавина од масло, алкохол и лидокаин, која е потенцијално смртоносна.
52-годишниот Бразилец го навлече гневот на навивачите на бодибилдинг затоа што користи нездрави материи за да постигне мускулна маса.
Сегато посочува дека негов омилен актер е Арнолд Шварценегер и херојот на стрипот Хулк.
Тој исто така неколку пати бил предупреден од лекар поради отровните масла што ги користи, но не сака да престане. Тој се нарекол себеси Синтол поради супстанциите што ги вбризгува во мускулите со игла.
Сегато посочува дека спортот го спасил од проблеми со зависност, а пред седум години тежел само 50 килограми, додека денес тежи околу 100 килограми.