Сакал поголем пенис па се одлучил за операција: Откако го погледнал половиот орган, веднаш поднел тужба против хирургот

Илтер Туркмен е богаташ од градот Текирдаг, кој вообичаено работи како банкар. Тој сакал да си ја зголеми машкоста, па побарал помош од докторот Халук Солеимез.

Илтер во тужбата навел дека побарал да си го зголеми пенисот, а гореспоменатиот лекар му рекол дека може да го зголеми за 3 сантиметри во должина и 3 сантиметри во обем, меѓутоа, комплицираната операција завршила лошо и Илтер завршил со пенис од 10 сантиметри и  ужасни болки поради кои не можел да оди еден месец.

Банкарот сега бара 500.000 турски лири (некаде околу 1.800.000 динари) како компензација за претрпената штета. Илтер тврди дека операцијата не само што му предизвикала болка, туку дополнително му го „унаказила и онака малиот пенис“ со лузни.

Докторот пак негирал дека му ветил поголем пенис за 3 сантиметри и изјавил дека ова е обид пациоентот за да се збогати преку ноќ.

Фото:freepik