Сакаш млада, а ти стар и многу богат? Токму таква го заклучуваше в соба и изгладнуваше до смрт
Во 2019 година, Дејвид Кох беше рангиран како 11-ти најбогат човек во светот, а потоа умре и неговиот имот отиде кај госпоѓата Кох, која е 22 години помлада.
Во 2012 година, Дејвид Кох беше прогласен за најбогат њујорчанец, а тој беше 11-ти најбогат човек во моментот на неговата смрт. Неговото богатство од 50 милијарди долари го наследи сопругата Џулија Кох со која имаше три деца. Дури по неговата смрт излезе вистинската вистина.
Имено, персоналот ја обвини г-ѓа Кох дека правела заговор против него неколку месеци пред неговата смрт, принудувајќи ги медицинските сестри да го затворат во соба и да користат шифрирани зборови за да не знае какви имоти купува таа и како ги троши неговите пари.
Сите овие наводи ги открил телохранителот, кој раскажал како госпоѓата Кох го условувала и под закана дека ќе ја изгуби работата и семејството па го принудила да ја послуша во нејзината намера да го отуѓи богаташот од неговиот имот.
Што направи Џулија Кох?
Неколку месеци пред смртта на нејзиниот сопруг, Јулија се впуштила во неколку авантури и така го измамила својот сопруг.
Во една прилика организирала вечера во заедничката вила, а кога среде прославата нејзиниот сопруг се симнал од болничката соба, ја прегрнал и ѝ рекол дека ја сака, таа брзо ги повикала вработените и побарала да го заклучат во собата, за да не му падне на памет да ја прекине нејзината свечена вечера.
Таа купила пентхаус на Мехетен вредна 40 милиони долари, додека оваа информација ја криела од милијардерот.
Нарачала реплика на сликата на Амадео Модиљани и ја заменила со оригиналот, кој е дел од семејното наследство, а кој го пренела во својата резиденција, за која нејзиниот сопруг не ни знаел.
Во 2018 година, таа замина во Јужна Африка, додека персоналот мораше да го лаже нејзиниот сопруг за тоа каде се наоѓа. Таа ги замоли сите да молчат и тој проект го нарече „Проект Х“.
Имала љубовник кој го криела неколку години и со кој редовно се среќавала во куќите на милијардерот.
Таа ги спречила медицинските сестри да го хранат нејзиниот сопруг со „цевче за хранење“ и на тој начин го изгладнувала до смрт.
Каде е Џулија Кох денес?
По смртта на нејзиниот сопруг, Џулија Кох ги отфрли сите обвинувања и преку ноќ се претвори во филантроп и хуманитарец кој ги поддржува медицинските истражувања, образованието и уметноста.
Ја продаде куќата што ја купила тајно од сопругот и со тие пари го зголеми своето и онака големо богатство.
Се шпекулира дека работи како асистент на моден дизајнер и дека го живее својот најдобар живот досега.