Само тројца луѓе во светот можат да патуваат без пасош – Никогаш не би очекувале ТАА да биде меѓу нив
Додека јапонските граѓани можат да посетат повеќе од 170 земји без виза, на јапонскиот монарх не му треба ниту пасош за да патува.
Секој во светот има потреба од пасош за да влезе во друга земја. Од папата, кралицата Камила, до премиерите и шефовите на држави, секој треба да го носи кога ќе ја напуштат земјата. Сепак, постојат три луѓе во светот кои можат да патуваат без пасош.
Тие се кралот на Обединетото Кралство, императорот на Јапонија и неговата сопруга. Оваа привилегија претходно ја уживала кралицата Елизабета, пред Чарлс да стане крал.
Кралот Чарлс нема пасош. Кралицата Елизабета Втора, мајка на кралот Чарлс, исто така, никогаш го немала овој документ. Според нормите што ги следи владата на ОК, на име на монархот се издава британски пасош, па затоа не е неопходно монархот да го има. Сепак, сите други членови на кралското семејство, вклучително и кралицата Камила и принцот Вилијам, мора да носат пасош секогаш кога патуваат од ОК. Уште повеќе, на кралот Чарлс не му е потребна ни дозвола за да вози во Велика Британија или во странство.
По доаѓањето на тронот, секретарот на кралот Чарлс им напиша на сите земји преку Форин Офисот дека сега Чарлс е крал на Обединетото Кралство и треба да му биде дозволено да патува насекаде со целосна почит и без ограничувања.
Јапонскиот пасош е еден од најмоќните во светот, моментално на 6-то место на листата на најмоќни пасоши. Додека јапонските граѓани можат да посетат повеќе од 170 земји без виза, на јапонскиот монарх не му треба ниту пасош за да патува. Императорот Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако, можат слободно да патуваат во странство без пасош.
Во официјален документ од 1971 година беше наведено дека би било крајно несоодветно да се издаде пасош за императорот или царицата. Во документот, исто така, се додава дека би било крајно несоодветно за царот да се подложи на процедури за имиграција или виза користејќи пасош како обичен граѓанин.
Царот и царицата се обврзани да приложат само документ од министерството по пристигнувањето во која било земја. Министерството за надворешни работи на Јапонија многу однапред ја информира земјата за нивната посета.
Македонскиот пасош се најде на 36. место на листата најмоќни пасоши објавени од страна на платформата „Паспорт индес“. Веднаш зад македонскиот пасош се црногорскиот и турскиот. Од државите во регионот, бугарскиот пасош е на 9. место, српскиот на 32, додека хрватскиот е на осмо место.
Првото место го зазема пасошот на Обединетите Арапски Емирати, второто место припаѓа на Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија, Јапонија (држави со чии патни исправи може да се патува во над 170 држави без виза или со виза на гранични премини), а третото на Шведска, Финска, Луксембург, Австрија и Швајцарија.
Србија Данас/Мондо/