Само за најбогатите: Банка на своите клиенти им нуди пристап до фондовите на биткоин

Морган Стенли е првата голема американска банка која на своите клиенти им нуди пристап до фондовите на биткоин.

Инвестициската банка, гигант што управува со средства од 4 трилиони американски долари, им соопшти на своите финансиски советници да започнат пристап до три фондови кои овозможуваат поседување на биткоин, велат луѓето запознаени со ситуацијата.

Морган Стенли се одлучи на овој потег на барање на клиенти кои сакаа да имаат пристап до оваа криптовалута, открија извори кои побарале анонимност затоа што ги презентирале деталите за внатрешниот документ на банката.

Вртоглавиот раст на вредноста на биткоинот минатата и оваа година изврши притисок врз компаниите од Вол Стрит да размислат да прават деловни активности и со тој вид на средства.

Но, барем засега, банката им дозволува пристап на своите побогати клиенти само до тоа непостојано средство, бидејќи смета дека тоа е соодветно само за луѓе со „толеранција на висок ризик“ чии компании имаат средства во вредност од најмалку 2 милиони долари.

Ограничувања

Инвестициските фирми мора да имаат најмалку 5 милиони долари во банката за да се квалификуваат за овие нови инвестиции. Во двата случаи, сметките мора да бидат стари најмалку шест месеци.

Дури и за акредитираните инвеститори во САД со брокерски сметки и доволно средства за да се квалификуваат за овие инвестиции, Морган Стенли ги ограничува инвестициите во биткоин на максимум 2,5% од вкупната нето-вредност.

Клиентите ќе можат да инвестираат во биткоин веќе следниот месец, откако финансиските советници на банката ќе завршат обука поврзана со новата понуда.


Извор:  BIZLife