Samsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба

Од 7 април, корисниците на серијата Galaxy S25 ќе можат да искусат нови можности за визуелни разговори преку бесплатна софтверска надградба

Samsung Electronics најави воведување на ново искуство со вештачка интелигенција преку Gemini Live, овозможувајќи визуелни разговори во реално време со AI за корисниците на Galaxy. Функцијата ќе започне да се воведува од 7 април, почнувајќи со серијата Galaxy S25, и ќе биде достапна за сите корисници бесплатно.

Преку помошта базирана на вештачка интелигенција, корисниците на Galaxy ќе можат поприродно да се вклучат во разговори што го олеснуваат извршувањето на секојдневните задачи. Доволно е да се притисне и задржи страничното копче за да му се покаже на Gemini Live[1] што гледате, додека истовремено разговарате во живо.

Замислете дека избирате облека или ја реорганизирате вашата гардероба. Со Gemini Live, ваквите секојдневни одлуки стануваат полесни. Доволно е само да ја насочите камерата, и ќе добиете предлози како да ги категоризирате предметите и да го оптимизирате просторот, или пак да споделите екран додека прелистувате онлајн продавници за да добиете персонализирани совети за стил. Со можноста да гледа што гледате вие и да реагира во реално време, серијата Galaxy S25 делува како доверлив пријател кој секогаш е тука да помогне.

„Заедно со Google, преземаме храбар чекор кон иднината на мобилната вештачка интелигенција, испорачувајќи поумни интеракции кои се длабоко усогласени со начинот на кој живееме, работиме и комуницираме,“ изјави Џеј Ким (Jay Kim), извршен потпретседател и раководител на одделот за корисничко искуство при Mobile eXperience на Samsung Electronics. „Со оваа нова визуелна функционалност, серијата Galaxy S25 ги оживува AI искуствата од следната генерација, поставувајќи нови стандарди за тоа како корисниците да се поврзат со светот преку нивните уреди.“

На 7 април, Gemini Live со можности за камера и споделување на екран ќе почне да се воведува кај сите корисници на серијата Galaxy S25, без дополнителен трошок. За повеќе информации за серијата Galaxy S25, посетете ја официјалната веб-страница на Samsung Македонија на www.samsung.com/mk.

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

[1] Проверете ги одговорите за точност. Компатибилно со одредени функции и кориснички профили. Потребна е интернет конекција. Достапно во избрани земји и за корисници на возраст од 18 години и повеќе.

ПР објава