Саркофаг стар 2.000 години од антички Рим пронајден во Појасот Газа: Му припаѓал на достоинственик

Во локалитетот каде што е пронајден саркофагот, пронајдени се 90 индивидуални и масовни гробници

На местото на римските гробишта стари 2.000 години, откриени минатата година во северниот дел на Појасот Газа, денеска е пронајден саркофаг од ерата на антички Рим, кој најверојатно припаѓал на некоја истакната личност, соопшти палестинското Министерство за Антиквитети објави денеска. 

Според Ројтерс, работата на местото каде досега се пронајдени околу 90 индивидуални и масовни гробници е под надзор на француски експертски тим.

Саркофагот кој му припаѓал на великодостојник од тој период се‘ уште не е отворен, а е ставен во дрвен контејнер за транспорт, по што ќе го анализираат палестински и меѓународни стручни тимови.

Портпаролот на министерството Тарек ел Аф нагласи дека отворањето на саркофагот ќе го чека пристигнувањето на меѓународен експерт за метал и додаде дека глинените садови и другите предмети пронајдени во гробницата укажуваат дека датираат од периодот на антички Рим, односно пред околу 2.000 години.

Тој додаде дека гробиштата на северот на Газа се на локацијата на старото пристаниште од времето на Грците и Римјаните.


Фото: Youtube - screenshoot