Сашо Јаневски ја најавува својата нова песна „Добра ноќ“

Денеска во 18 часот, на YouTube каналот на Сашо Јаневски, попознат на македонската јавност и пошироко под псевдонимот Сале Певац, премиерно ќе биде објавен видео спотот за неговата најнова композиција насловена „Добра ноќ“.
„Добра ноќ“ е повеќе од песна - се работи за интимно музичко писмо, спакувано во тивки акорди, длабоки стихови и емоции кои одѕвонуваат долго по последната нота. Во неа се препознава сè што понекогаш останува недоискажано – љубов, копнеж, тишина, прашања и одговори. Низ внимателно избрани зборови и чувствителна мелодија, Јаневски го споделува она што сите ние понекогаш го чуваме длабоко во себе.
Комплетен автор на песната е Љупчо Чедомирски, кој стои зад музиката, текстот и аранжманот. Продуцент е Горан Мирковски, а видео спотот е во режија и реализација на Алек Тасевски од Либеро бенд, кој преку визуелна поезија успева да го долови духот и суштината на песната. Во изведбата на песната учествуваат и реномираните музичари: Владимир Крстев на виолина, Дејвоид Демир - гитари, Ратко Даутовски - перкусии, како и пратечките вокали Маја Саздановска и Јулија Карамитрова Огненоска.
ПР објава