Сателитските снимки откриваат: Коронавирусот во Вухан започнал уште во август? ФОТО
Студијата на Медицинскиот факултет „Харвард“, заснована врз сателитски слики на паркинзи низ болници во Вухан и податоци од пребарувачи, покажува дека коронавирусот можеби започнал да се шири во Кина уште во август 2019 година, пренесува Ројтерс.
Истражувањето користело сателитски слики со висока резолуција на болничкиот паркинг во Вухан, каде се појави болеста на крајот на 2019 година, како и податоци за пребарување како што се зборовите „кашлица“ и „дијареја“.
Истражувањето, кое се уште не е рацензирано, покажа дека имало значително повеќе автомобили на паркинзите на пет болници во Вухан кон крајот на летото и есента 2019 година отколку минатата година.
Evidence from satellite photos and Internet search queries that #COVID19 may have emerged in #Wuhan earlier than thought.https://t.co/0VMRjAPFkh pic.twitter.com/RzzFXcDT6Y
— Tom Novak (@tpntweet) June 8, 2020
Покрај тоа, зголемување на бројот на пребарувања за клучни зборови поврзани со заразни болести е забележано на кинескиот пребарувач Баиду во тој период, според Си-Ен-Ен.
Научниците, користејќи снимки од октомври 2018 година, броеја 171 автомобили на паркинзите на една од најголемите болници во Вухан. Една година подоцна, на истите паркинзи имало 285 возила, што претставува зголемување за 67 проценти, а во некои други болници има пораст и до 90 проценти.
Беше посочено дека, иако не може да се потврди дека овие податоци се директно поврзани со коронавирусот, идејата дека зафаќањето на болнички паркинзи или протокот на пациенти може да се користи како релативен показател за нешто што се случува во популацијата.
Џон Браунштајн од детската болница во Бостон изјави дека пред неколку години е објавен труд за тоа како се пополнуваат паркинзите за време на сезоната на грип и се зголемува протокот на пациенти во болниците во Латинска Америка.
„Можете да ја предвидите сезоната на грип само со гледање на зафатеноста на паркингот“, рече тој.