Се качил на ѕид висок шест метри да прави склекови, па едвај останал жив (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

За среќа поминал без посериозни повреди

Неверојатно видео доаѓа од Требиње, каде храбар човек решил да ги демонстрира своите физички способности, но изгледа премногу се преценил, па за среќа останал жив.

Имено, тој почнал да прави склекови на ѕид од зграда, па се лизнал и паднал од висина од најмалку шест метри.

За среќа, падот бил ублажен со настрешницата, но секако се здобил со повреди за кои била потребна лекарска помош.


Според порталот „Требињелајф“, инцидентот се случил минатата недела, а наводно се работи за странски државјанин.

За среќа младиот човек останал жив и без тешки телесни повреди. Најпрвин одбил лекарска помош, но откако бил убеден бил префрлен во болница.


Foto: Printscreen/Youtube