Се огласи Бил Гејтс: Што вели за теорите на заговор и ЧИПУВАЊЕТО НА ЛУЃЕ?

Милијардерот Бил Гејтс се огласи по повод теориите на заговор во кои го обвинуваат за разните мрачни намери во врска со коронавирусот.

Тој истакна дека ваквите приказни во кои тој сака да ја искористи пандемијата Ковид - 19 за да ги следи луѓето преку микрочипови се „глупави и чудни“.

„Тешко е да се одречат вакви работи, бидејќи се толку глупави или чудни што колку повеќе се повторуваат, луѓето толку повеќе веруваат во нив“ - рече Гејтс во четвртокот за време на телефонскиот разговор со новинарот од њујоршкиот портал „Бизнис Инсајдер“.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ неодамна, помеѓу останатото, вети дека со 1,6 милијарди долари ќе ја финансира групата „Гави“, која парите ќе ги искористи за имунизација на децата во сиромашните краеви на светот.

Разните теории на заговор кои го поврзуваат Бил со потеклото на Ковид - 19 или пак тврдат дека тој сака да ги следи луѓето вградувајќи им микрочипови за време на вакцинацијата против вирусот, до крајот на мај се спомнати повеќе од милион пати на интернет, наведува аналитичката компанија „Zignal Labs“.

Анкетата на „Јаху њус“ открива дека 28% од возрасните граѓани на Америка веруваат во теоријата на заговор која сигерира дека Гејтс планирал да ја употреби вакцината против Ковид - 19 за масовна имплатација на микрочипови кои би му служеле за контрола и следење на милијарда луѓе.

„Тоа е толку бизарно што би посакале да помислите дека е во прашање шега, но вистина е дека ваквите приказни не се шега“ - вели Гејтс.

„Никогаш не сум бил вклучен во било каков план кој вклучува микрочипови“ - рече основачот на „Мајкрософт“.