Се оглси Амбер Херд по молкот после судскиот крах: Не ми е гајле што мислат луѓето за мене

„Не ја обвинувам поротата обвинувам, всушност разбирам. Тој е сакан лик и луѓето чувствуваат дека го познаваат. Тој е застрашувачки добар актер“, вели Амбр Херд во првите неколку моменти од нејзиното гостување во емисијата „Тудеј“, која ќе се емитува во среда и четврток на NBC.

„Не ми е гајле што мислат луѓето за мене, исто како што не ми е грижа за проценките за она што се случуваше во приватноста на мојот дом и мојот брак. Мислам дека луѓето не треба да се грижат за деталите од мојот личен живот, па затоа се трудам да не го земам тоа при срце“, додаде Амбер.


„Но, ако некој мисли дека ја заслужувам сета оваа омраза, сиот овој отров, дури и ако мисли дека лажам… Па, мислам дека сето тоа треба да ми го каже во лице гледајќи ме во очи, а не да го пишува на социјалните мрежи“, изјави Амбер Херд.