По цели два месеца, првото жариште на пандемијата на коронавирусот, кинеската провинција Хубеи, ги укинува забраните за патување . Од денеска, на здравите жители ќе им биде дозволено да ја напуштат провинцијата , а патните ограничувања за напуштање на градот Вухан ќе бидат укинати целосно на 8 април. Сепак, луѓето ќе можат да заминат само врз основа на здравствен код.
Инаку, во Кина се регистрирани 78 нови случаи на заразени со Ковид-19 и сите се инфицирани во странство, соопштија кинеските здравствени власти, и предупредија на почитување на мерките зошто постои опасност од втор бран на коронавирусот. Бројот на смртните случаи, исто така е намален, потврдени се седум починати, но Националната здравствена комисија предупредува дека борбата се уште не е целосно завршена.