Забава // Занимливости
Се ожени водителот Марко „Дај побрзај“: Едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна (ФОТО)
- 26 Август, 2021
ТВ и радио водителот Марко Новески, познат и како Марко „Дај побрзај“ се ожени со љубената Цена Плавевска.
Среќната вест ја соопшти на Инстаграм заедно со фотографии од овој важен ден за нив.
„Се оженииииив. Те сакам Плавевска и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна“, напиша меѓудугото водителот.
Марко и Цена за оваа прилика одбраа компатабилни стајлинзи, и двајцата во бело-жолти комбинации, склопија граѓански брак и го кажаа судбоносното „ДА“.