Се појавија досега најдобрите снимки од наводно НЛО! Погледнете како изгледа од само неколку метри

Манекенката Валентина Руеда Велез го сподели она што некои на социјалните мрежи го опишуваат како „најдобрата снимка од НЛО досега“, откако забележала нешто чудно за време на летот. 

Колумбиската манекенка го сподели клипот за време на неодамнешното патување со приватен авион. Валез, која работеше со групи како Pretty Little Thing во текот на нејзината кариера, тврди дека видела нешто чудно покрај нејзиниот прозорец додека летала во авион на 4 април.

Се чини дека видеото покажува објект во облик на дијамант како лета на височина од околу шест километри. Иако може да се работи за дрон или некој друг вештачки објект, привлече големо внимание на интернет. 

Ентузијастот за НЛО, The Hidden Underbelly, го објавува клипот на YouTube и додава натпис: „На оваа снимка имаме јасен поглед на овој објект и изгледа прилично добро. Се чини дека е летало во форма на чинија“.

Се разбира, многу истомисленици дојдоа кај него во коментарите и уверија дека се работи за вистинско НЛО, иако нема потврда за ова. Но, можете сами да видите.