Се сеќавате ли на овие шолји? Многумина научивме да пиеме кафе во нив

Дали се сеќавате на нив?

Комерцијално најуспешниот угостителски сервис на Југокерамика, Арена - „сервисот на сината линија“, стана симбол на „социјалистичкиот“ туризам. Истиот го потпишаа дизајнерите Аница Кухта Северин и Марта Шрибар. Немаше фабрика или училишна кафетерија, хотел, ресторан, тераса... каде што немаше чинии или чаши со сина линија во опсегот на опремата.

 Имаше и кафеава верзија. И така од Вардар па до Триглав. Многумина научија да јадат во тие чинии.

Југокерамика е пуштена во употреба во 1953 година, а од нејзиното основање постоел оддел за дизајн чие креативно јадро го сочинувале Јелена Антолчиќ, Аница Кухта Северин, Драгица Перхач и Марта Шрибар. 

Иако Југокерамика низ своето постоење ги споделуваше проблемите на целата тогашна индустрија - заштитена економија, насочено производство, немање систематски метод на дизајнирање, дизајнерите во голем број производи успеаја да постигнат висок квалитет на дизајнот. Производите на Југокерамика освоија повеќе награди на домашни и меѓународни натпревари, а беа изложени како дел од наградуваниот југословенски ентериер, на XI триенале во Милано (1957).

Фабриката се затвори во 2009 година. Таа претходно на Музејот на уметности и занаети во Загреб донираше околу 400 предмети и богата документација со оригинални скици и цртежи. Интегритетот на архивите на Југокерамика - од скици и документација до производи - е исклучително редок меѓу компаниите во поранешна Југославија, а материјалот дава драгоцен придонес за комплетирање на сложувалката на историјата на дизајнот во оваа област.