Се сликале покрај езерото, а потоа забележале морничав детал во позадина: Веднаш ги спакувале куферите и да ги нема
Се споменува и урбана легенда врз основа на која е снимен филм во 1994 година
Необична приказна која пред неколку години предизвика бурни реакции на мрежите повторно е актуелна.
Сето тоа се врти околу фотографии направени на моминска забава во Шкотска, поточно во областа Аргил и Буте.
Девојките посетиле селски имот покрај езерото, а планот бил да го поминат викендот таму, пренесува LadBible.
Во еден момент некој предложил да се фотографираат, па беа направени неколку фотографии. Тогаш виделе бизарен детал во позадина и решиле да побегнат без разлика на се!
Што се случило? Првата фотографија не покажува ништо необично, но втората, направена неколку моменти подоцна, покажува мистериозно момче (долниот лев агол).
Girls heard this Scottish lake was haunted by a little boy. No one saw him while they were there (look closely)
byu/jamesruggieri inGhosts
Девојките тврдат дека никој не бил наоколу додека се сликале, но тоа не е врв на бизарност. Во овој регион постои позната легенда за „синото момче“, врз основа на која е снимен филмот.
Филмот од 1994 година е за мало момче кое се удавило во Лох Ек. Сценаристот Пол Муртон ја слушнал приказната од локален хотелиер.
„Разговарав со човекот кога го спомна синото момче. Дошол во хотелот со родителите, но во текот на ноќта одел на сон, паднал во езерото и се удавил. Кога го пронајдоа, тој беше целосно син“, изјави Муртон.
Неговиот дух, според легендата, и денес шета на овие простори.
Многу корисници на социјалните мрежи ја оспоруваат автентичноста на фотографиите од моминската вечер, но тие и денес предизвикуваат внимание на интернет.