Се слушнал тап удар: Авионот слетал на пистата, а потоа се случила бизарна нсреќа (ФОТО)

Авион на Алјаска ерлајнс при слетување удрил во мечка која била на пистата, животното било убиено, а леталото било оштетено, соопшти администрацијата на аеродромот Јакутат на југоистокот на Алјаска.

Ниту еден од патниците не е повреден, објави АП, повикувајќи се на Енкориџ Дејли уз.

„Авионот „Боинг 737-700“ уби мечка, заедно со двегодишно младенче, кое не беше повредено“, изјави портпаролот на Одделот за транспорт и јавни установи, Сем Дапчевиќ.

„Работниците на аеродромската служба ја расчистија пистата десетина минути пред авионот да се спушти“, додаде Дапчевиќ, велејќи дека авионот слетал во темница, а екипажот во авионот ги следел сите редовни процедури.

„Носот на авионот ги промаши мечките, но капетанот почувствува удар на левата страна, кога мечките поминаа под авионот“, се вели во соопштението на Алјаска ерлајнс.

Пилотите подоцна ја виделе мечката како лежи на околу шест метри од пистата, кога го паркирале авионот.


Фото: Tanjug/AP

Можеби ќе ве интересира:

Џет- сет во Македонија: Прикриен под челичен превез или не можат да парираат на светските џетсетери