Секогаш ми се допаѓале постари мажи: Љубовта на Шербеџија и Ленка трае три децении, а вака зборуваат еден со друг

Раде Шербеџија и Ленка Удовички знаеле дека се создадени еден за друг уште откако се запознале во 1990 година. Од нивната љубов се родители трите ќерки, а познатата и ценета уметничка двојка, покрај бројните препреки во животот, успеа да се избори за своето парче среќа.

Овие денови престојуваа во Белград, каде што Ленка имаше премиера на претстава, а Раде од публиката ја следеше со истиот жар како и пред 30 години.

„Дојдов да ги поддржам сите, не само сопругата. Драмскиот театар во Белград прави одлични претстави и овој театар е во подем. Дојдов да ги видам моите колеги актери, но и мојата Ленка“ - вели Раде Шербеџија.

Иако нивното семејство е повеќечлено, од бракот со Ленка актерот има три ќерки Нина, Вања и Милица и од првиот брак Данило и Луција, се наметнува прашањето дали е потешко да се организираат актерите на сцена или членовите на семејството, на кое режисерката низ насмевка рече:

„Тоа е ви е вака. Кога сте со ченовите на семејството, едвај чекате да побегнете и да бидете со актерите. Кога ќе се згуснат работите тука, само си мислите: „Само да си дојдам дома“. Така што тоа е една клацкалка. Но, морам да кажам дека нешто најдрагоцено е тоа што тука имав можност да запознаам една нова генерација прекрасни млади актери, кои не ги знаев и за кои верувам дека пред нив е убава кариера и дека ќе го збогатат театарскиот живот во Белград.“

И додека Ленка наголемо работи во Белград, Шербеџија веќе има во план некои деловни потфати во главниот град на Србија.

„Сѐ повеќе сум тука. Работам на концерти, имам и некои претстави во план. Но, за тоа ќе зборуваме кога ќе дојде време за тоа“ - истакна тој, додавајќи дека му е драго што луѓето на овие простори го сакаат и ценат како уметник.

Дека еден на друг се голема поддршка се согласуваат и двајцата. Но, знаат да си укажат и на грешките кога ќе се појават.

„Раде навистина е строг. Тој е човек кој има високи уметнички стандарди, критериуми, пред сѐ кон самиот себе, потоа кон сите и тука нема попуштање. Дури мислам дека кога ти е некој близок и кога ти значи, тогаш човекот е поостар“ - смета Ленка.

Раде и Ленко со истиот ентузијазам зборуваат еден за друг, а жарот во очите зборува колку се среќни заедно.

„Се запознавме во 1990 година во Суботица. Дојде да го работи „Кралот Едип“ на тамошниот фестивал. Само што завршив академија и дојдов да работа мала претстава. Работев со неговите студенти од новосадската Академија. Еден ден се сретнавме во холот на театарот. Имав проблеми со некои од неговите студенти и сакав да поразговарам со него. Тој имаше 43, а јас 23 години. На моите татко и мајка тоа им беше втор брак, а татко ми од мајка ми беше постар 18 гоидни. Не ми беше воопшто необично како млада да се вљубам во маж кој е 20 години постар од мене. Секогаш ми се допаѓаа мажи кои се постари од мене, кои имаат повеќе животно искуство. Сѐ одеше многу брзо, иако не очекував дека ќе се развие во љубовна врска. Раде не го познавав, но знаете како е во театарските кругови - кружат озборувања и секакви приказни. Фантастично е што луѓето може да измислат од завист“ - раскажа порано Ленка.

И по 30 години љубов кон Ленка, Раде чувствува воодушевува кон сопругата кое не може да го сокрие.

„Можам само да кажам дека сум среќен што стареам и живеам со таква жена, хумана, сочувствителна, чесна... Ленка сѐ што има им дава на другите, таква е од секогаш. Таа живее за луѓето, за мене, за своите деца. Без неа не би било ни „Ulyssesa“, ни безброј други убави случувања во мојот живот. Ги споивме своите уметнички светови, но не се согласуваме секогаш во сѐ - има тука и полемики, понекогаш се расправаме, но тоа е ден од заедништвото, дел од животот“ - раскажа порано Раде.

Извор: glossy.espreso.rs