Секој милиметар вреди злато: Плати 3.600 евра за зголемување и задебелување на пенисот
Германски државјанин потрошил 3.600 евра за да го издолжи пенисот за помалку од еден инч, односно 2,54 сантиметри...
Мурат К., (36), посетил лекар од Хановер, кој е специјализиран за методот на автологна маст, која додава два сантиметри должина и обем на пенисот. Четириесет и девет годишниот хирург, д-р Кристијан Керпен, специјалист по естетска хирургија од специјалистичката клиника Cosmopolitan Aesthetics во Хановер, ја изврши операцијата на Мурат.
Мурат бил несреќен поради должината на својот „другар“ кој имал само 7,5 сантиметри, додека во Германија просечната должина на пенисот е 13 сантиметри во целосна ерекција, а тој, како што тврди, се обидувал да го зголеми неговиот пенис со години.
Како што признава и самиот Мурат: „Пробав апчиња, креми, пумпи за пенисот и екстендери за да добијам неколку сантиметри повеќе“. Потрошив 1000 евра, ништо не помогна. Еден доктор дури ми кажа в лице дека немам добар алат. Д-р Керпен, кој изведува повеќе од 300 операции годишно, рече: „Можете да се расправате за вистинската големина, обем или форма, но два сантиметри во должина и ширина прават голема разлика“.
Постојат само два методи кои можат да ја променат големината на пенисот, хируршко зголемување со лигаменти, а другиот е зголемување преку автологен третман со маснотии. Д-р Керпен е специјалист за зголемување на пенисот со автологна маст добиена од пределот на стомакот, која потоа се пумпа во пенисот за време на едночасовна процедура.