Секој празник ја глумела својата мртва сестра близначка за да не го растажи семејството: Кога реши да ја каже вистината ... (ВИДЕО)

Ани Ниу е влијателна инфлуенсерка која покрај секојдневните совети, трикови и блогови, сними и серија во која открива тајна која пет години ја крие од семејството.

Имено, нејзината сестра близначка починала од вирусен менингитис, а како што наведува, во нивната „азиска култура не е вообичаено на сите во семејството да им се открива нешто такво“.

- Да, сакаме да знаат. Но, ние не сакаме тие да умрат од тага - ја наведе таа како „причина“ зошто нејзините баба и дедо кои ја одгледале нејзината сестра и таа сè уште не знаат после толку години.

Затоа секој празник им се јавувала на баба ѝ и дедо ѝ да им честита и се претставувала како починатата близначка.

@annie_niu

Anti-Hero - Taylor Swift


Сега Ани решила да ја каже вистината, но повторно само затоа што дознала дека нејзината баба умира. Во следното видео таа откри и како тоа влијаело на нив. Таа го фотографирала нивниот дом и напишала дека извадиле 17 фотографии од ѕидовите.

Многумина не се согласуваат со нејзината одлука и веруваат дека се тоа не е во ред – од криење на смртта на саканата личност, до преправање дека е таа. Но, има и такви кои сочувствуваат со неа и велат дека е во право, особено затоа што нејзината баба има 92 години.