Секоја година за роденденот од татко му добивал шише виски: По 28 години, алкохолот ВРЕДИ цело богатство!

Метју се надева дека добро ќе ја продаде својата колекција, а парите ќе ги искористи за да купи куќа!

Пит Робсон од Англија сметал дека ќе биде интересно ако за секој роденден на неговиот син купува виски, така што тој имал 18 шишиња за неговото полнолетство.

Метју Робсон е роден во 1992 година, а неговиот татко Пит му подарувал шише виски за секој роденден. Тој потроши 5.500 евра на 28 шишиња, а колекцијата денес вреди многу повеќе.

Колекцијата денес вреди повеќе од 45.000 евра и е ставена на продажба.

Метју призна дека вискито не бил баш најдобриот подарок за дете, но бидејќи добивал строги упатства од татко му „никогаш да не ги отвора шишињата“, колекцијата станала еден вид „станбен фонд“.

- Секоја година добивав виски како подарок за роденден. Мислев дека тоа е прилично чуден подарок затоа што бев малку премлад за да почнам да пијам. Но, тој ме предупреди да не ги отворам - изјавил Метју.

Неговиот татко Пит рече дека првото шише виски од 1974 година е купено за раѓањето на неговиот син.

- Мислев дека ќе биде интересно ако ги купувам секоја година, а тој ќе има 18 шишиња виски стари 18 години за својот 18 роденден - рече тој.

- Тоа не беше единствениот подарок што го доби од нас, само нешто уникатно, но со малку среќа, ја продолживме традицијата - вели Пит.

Во меѓувреме, тој стана интересен за колекционерите и Метју се надева дека ќе ја продаде својата колекција за 45.000 евра, а парите ќе ги искористи за да купи куќа.


Можеби ќе ве интересира:

Сруши рекорд: Јапонско виски продадено на аукција за 800.000 долари

Лоша вест за мажите: Дали пиете лажно виски?