Секс во облаци: Пилотот на „љубовниот авион“ ги открива сите чудни барања кои му ги упатуваат патниците
Енди Џонсон (40) им даде можност на паровите да ја подигнат својата љубов на нови височини на небото над Лас Вегас.
Нарекувајќи ја уникатната услуга „магично искуство“, за 995 долари, клиентите на „Love Cloud“ ќе се качат во приватен авион на лет од 45 минути каде што ќе можат да ги остварат своите најлуди фантазии на височина од неколку илјади стапки.
Пред речиси 20 години, додека се уште беше на факултет, на младиот Американец му дојде одлична идеја - еден ден да биде сопственик на компанија која ќе им овозможи на луѓето да се приклучат на клубот „"mile-high" “, т.е. да водат љубов во авион меѓу облаци.
Тогаш не ја реализираше идејата. Бидејќи неговиот подоцнежен живот не одел според планираното, во 2014 година решил да се обиде да реализира идејата од младоста. Ја основал компанијата „Love Cloud“ и им овозможил на луѓето да уживаат во сексот меѓу облаците за помалку од 1.000 долари за време на лет од 45 минути.
За да се комплетира атмосферата, внатрешноста на авионот е украсена со црвени сатенски чаршафи и перници и душек од пена по нарачка за дополнителна удобност.
Гостите исто така добиваат целосна приватност кога авионот ќе ја достигне предвидената височина. Кокпитот е блокиран од пилотската кабина со голема завеса, а пилотот носи слушалки за поништување на бучавата.
И компанијата, се разбира, веднаш стана вистински хит! Стотици парови ги закажаа своите термини.
-Ние не дискриминираме никого. Не ни е важно какви сексуални ориентации се нашите патници, а некогаш сме домаќини на „групи“, но до четири лица – почнува Џонсон, кој се присетил на најбизарните барања на своите патници.
- Во текот на летото носам слушалки кои „убиваат“ бучава, па не слушам ништо. Меѓутоа, луѓето доаѓаат и ми ѕвонат во кокпитот и ме замолуваат да им се придружам. Се разбира, тоа не доаѓа предвид. Еден човек ми испрати експлицитни фотографии од неговата сопруга и ми понуди сериозни пари за да ја задоволам неговата сопруга, но јас одбив.
@love_cloud_vegas #HappyBirthday #lovecloudvegas #adulttik # #MakingMemories #Cheers #fyp @I am Valeria’s mom original sound - Love_Cloud_Vegas
- Има секакви луѓе. Едниот господин сакаше само да ужива меѓу облаците, а другиот се прашуваше дали може да донесе магаре во авион.
Неодамна, деловниот партнер на Џонсон, Тони Блејк, полета со неколку заљубени Готи кои резервираа лет за да се совпадне со полната месечина. Според приказната на пилотот, повозбуден и побучен пар речиси и да не сретнал.
@love_cloud_vegas #adulttik #fyp #MileHighClub ♬ Tokyo Drift - Xavier Wulf
– Буквално, не престанаа да „завиваат на Месечината“ како волци– вели Џонсон.
- Нудиме и свадби меѓу облаци, како и ВИП вечери. Сепак, речиси 80 отсто од нив сè уште се луѓе кои сакаат да се приклучат на клубот за секс меѓу облаци. Многумина од нив подоцна ми кажаа дека тоа им го спасило бракот – заклучува Џонсон и низ смеа додава дека авионот не му се тресе само поради турбуленциите.