Секси дивата Мараја Кери открива: Ме дрогираше со валиум и сакаше да ме продаде на макро

Таа едноставно го поседува можеби најдобриот глас на денешницата. Многу е богата, пее од мала, има непроценлица музика кариера, безброј хитови број еден, полица полна со „Греми“ и е внесена во Домот на славните текстописци.

Но, многу малку се знаеше за приватен живот на дивата Мараја Кери – до сега.

Во својата книга мемоари, The Meaning of Mariah Carey, поп-ѕездата зборува за растењето во сиромаштија во насилно домаќинство, за своите искуства со расизам, за својата музика, браковите и многу повеќе.

Напишана во соработка со писателката Михаела Ангела Дејвис, книгата ја повлекува завесата на впечатлива приказна за сиромаштија и богатство и го деконструира имиџот на sвезда како самозаблудена дива. 

„Кога имав 12 години сестра ми ме дрогираше со валиум, ми нудеше кокаин, ми нанесуваше изгореници по телото и сакаше да ме продаде на макро“, пишува Кери.

Кери во книгата открива дека била жртва на семејно насилство кога била многу мала. Потоа, како дете на црн татко и бела мајка, таа во училиште се соочувала со расизам.