Семејството Јоксимовиќ живее во раскошна вила: Соседите од елитниот дел на Белград имаат што да кажат за нив

Ретко ги гледаат, бидејќи вообичаено од дворот излегуваат со автомобил...

Водителката Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг, пејачот Жељко Јоксимовиќ неодамна се вселија во нова куќа во елитниот дел на Белград, а соседите се воодушевени од познатиот пар.

Раскошната вила во која се сместени имаат високи ѕидови, па мирот и приватноста, може да се заклучи дека им се загарантирани. Соседите, секако, знаат дека во најубавата куќа на таа улица се доселил познатиот пар и се горди на тоа.

„Јована е прекрасна сосетка. Никогаш не ѝ е тешко да се јави и поздрави со мене. Да бидам искрена, ретко ги гледам, бидејќи вообичаено од дворот излегуваат со автомобил. Меѓутоа, кога ќе се укаже можност да ја сретнам на улица, таа е прекрасна и пристојна жена. Често се слуша дека децата си играат во дворот. Направија свој дом и мир, тоа е нова семејна оаза“ - кажа првиот сосед кој ги слуша малите наследници на Жељко и Јована, но ретко ги гледа.

Бидејќи станува збор за елитниот дел од Белград, соседите не се баш расположени да зборуваат за познатите соседи, за кои велат дека ретко шетаат на околните улици.

„Во весниците прочитав дека овде живее веќе неколку месеци, но верувајте ми дека ги видов само еднаш. Јована ги возеше близначките во автомобилот. Видеов дека на лицето има некои темни очила, па така не сум сигурен дали беше без шминка. Кога зборував со другите соседи, заклучивме дека тие не излегуваат од вилата. Тоа се нивните четири ѕида, се е на високо ниво, имаат портир. Тој се грижи кој влегува и за безбедноста. Едноставно, Јована е сокриена од јавноста и тоа така треба да биде. Го живее својот живот и така треба“ - за српските медиуми вели човекот кој живее во нивна близина.

Една сосетка е воодушевена од Јована и нејзината харизма.

„Знам на која Јована мислите, таа е прекрасна. Постојано ја гледав, многу е харизматична. Ја сретнав неколку пати и во една прилика само и мавнав, таа ми возврати со насмевка. Имам чувство дека кога и да ја сретнам, таа е во брзање. Така денес функционира овој млад свет, одат од цел до цел, без пауза. Во живо е повисока, отколку на телевизија. Згодна е, знае Жељко кој да избере“ - изјави низ насмевка бабата.