Сестра му го пронашла 23 години откако ги разделиле: Тој не знаел дека таа постои, па го шокирала со бизарното барање
„Многу сум благодарен за сè што имам и сфаќам дека ќе водев многу поинаков живот доколку не бев посвоен“
Признанието на младото момче кое како двегодишно дете било посвоено и разделено од неговата сестра, предизвика жестока дебата на интернет, а ви ја пренесуваме во целост:
„Пораснав привилегирано, одев во приватни училишта, одев на одмор во странство и целосно ми беше платена школарината кога почнав да факултет. Бев сакан и никогаш ништо не ми недостасуваше. Моментално имам добро платена работа како инженер, прекрасна сопруга, две деца и куќа. Многу сум благодарен за се што имам и сфаќам дека ќе водев сосема поинаков живот да не бев посвоен“, напишал 25-годишниот маж.
Со оглед на тоа дека пораснал без никаков контакт со биолошкото семејство, останал шокиран кога му пришла жена по име Опел (27) и му рекла дека му е сестра. Двајцата се запознале, направиле ДНК тест и откриле дека се во роднинска врска и двајцата биле ставени на социјална помош во исто време.
„Обично се обидуваат да ги задржат браќата и сестрите заедно, но поради некоја причина не бевме регистрирани како брат или сестри и бевме сместени во различни семејства, веројатно затоа што имаме различен татко/презиме. Oпел беше многу вознемирена од ова откритие, уште повеќе откако дозна дека живеев добар живот со добри родители, а таа никогаш не беше посвоена, туку живееше со згрижувачки семејства“, рече тој.
Кога ја дознал вистината, мажот рекол дека Опел постојано му се јавувала и прашувала дали може да се дружи со неговите родители и семејството. „Брзо стана незгодно бидејќи, да бидам искрен, не ја познавам толку добро, од секој аспект освен од генетиката, таа е некој сосема непознат за мене. Не се чувствувам удобно да и позајмувам пари или да ја запознаам со семејството, ми даде неколку коментари што ми создадоа непријатночувство кога ме праша дали мислев дека моите родители ќе ја посвојат ако знаеја дека постои кога бев посвоен и дали мислев дека ќе ја примат во семејството сега“, продолжи тој.
По неколку месеци, човекот признал дека однесувањето на Опел станало проблем.
„Синоќа повторно ми се јави, овој пат да се пожали како видела дека жените во моето семејство се дружат викендов и како се чувствува изоставена затоа што не добила покана. Ѝ реков дека разбирам дека е вознемирена , но тоа беше семејно собирање на сите жени а таа не е нивно семејство, така што нема право да биде поканета“, додаде тој. Според него, Опел почнала да вика дека тоа е неправедно и дека таа треба да биде дел од семејството. Таа дури отиде и чекор подалеку и рече дека тој ѝ должи да се вклучи бидејќи тој добил добар живот преку посвојување, а таа не.
„И кажав дека ми е жал што се чувствува изоставено и не беше посвоена, но ниту моето семејство ниту јас не ѝ должиме ништо, па ја спуштив слушалката. Оттогаш постојано добивам пораки во кои ме нарекува кретен и лоша личност, па почнувам, така мислам и самиот и ми треба објективна перспектива на ситуацијата“, заклучува тој во објавата.
Луѓето кои ја читаа комплицираната приказна на Редит беа груби кон Опел и го повикаа мажот да прекине секаков контакт со неа.
Едно лице напиша: „Време е да ја блокираш. Ти немаше контрола врз тоа што ти се случи како двегодишно дете и не ѝ должиш ништо. Жал ми е што таа е љубоморна на твојот живот и колку си среќен, но тоа нема никаква врска со тебе“.
„Таа не може да одлучи да биде дел од вашето семејство само затоа што го сака тоа што го имаш. Звучи малку нестабилно, не сакам да бидам груб бидејќи не можам да ги знам нејзините искуства, но повторно, не е твоја работа да ѝ обезбедиш семејство или пари или услуги или што и да бара“, додаде друг.
„Би гледал на ова како искуство за учење. Се обидовте да направите нешто и не успеа. Крај на приказната и крај на контактот затоа што ако не таа ќе ве исцеди, таа е емотивна вампирка“, гласи друг остар коментар.
foto: freepik / ilustracija