Сфатете го ова сериозно: Еве зошто вратата од автомобилот НИКОГАШ НЕ СЕ ОТВОРА СО ЛЕВА РАКА
Поради брзиот начин на живот, некои работи ги правиме механички. Тоа воопшто не е добро, додека мислите ни се на една страна, а работиме нешто друго, скоро секогаш има проблем. За да избегнете барем некои од нив, слушајте ги овие совети.
Возачите, кога излегувате од автомобилот, никогаш не ја отворајте вратата со левата рака. Да, добро прочитавте. Обидете се да стекнете навика (ако немате) секогаш да ја отворате вратата од автомобилот со десната рака.
Кога ќе ја отворите вратата со десната рака, вашето тело мора да направи мало движење каде што ќе треба да погледнете налево и да видите дали ви се приближува пешак, велосипедист или автомобил. Ако го правите тоа механички без размислување, може да се повредите себеси и другите и да му нанесете штета на автомобилот.
Велосипедистот не може да знае дали ќе ја отворите вратата додека тој поминува покрај вас. Ова се секунди кои значат многу. Особено е важно ако сте паркирани на улица. Размислете за ова.