Шамар како САД не памети: „Членот 5 се активира еднаш и ние одговоривме, исполнете го ветувањето“!
Министерот за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски предупреди дека НАТО не е „приватна американска телохранителска компанија“ и ги повика САД да ги исполнат своите ветувања и да испратат помош и оружје за Украина.
„Ќе ве потсетам дека членот 5 од Договорот за НАТО досега е активиран само еднаш: по нападот на Њујорк на 11 септември кога авиони со патнци се забија ви кулите близначки и умреа илјадници луѓе.. И тогаш им помогнавме на САД. Полска испрати војници во Авганистан, но ние не испративме фактури до Вашингтон. Воениот сојуз не е приватна компанија за телохранители“, изјави Шикорски за американските медиуми при посетата на САД.
Полскиот министер рече дека рускиот претседател Владимир Путин не ги признава ниту Украинците како народ и дека тие веќе две години се борат за опстанок на својата татковина бидејќи руската победа за нив би значела „културен геноцид“.
„Но, тие не можат да се борат со голи раце. На Украина ѝ ветивме помош. Претседателот на САД во воениот Киев уверуваше дека САД ќе и помогнат на Украина без разлика на се. Сега е време да се држат до тој курс и да го испорачаат оружјето“, изјави Шикорски, пренесе полската приватна телевизија ТВН24.
Полскиот премиер Доналд Туск на социјалната мрежа Х упати кратка порака: „Две години украински херојство. Две години руско варварство. Две години срам за оние кои остануваат рамнодушни“.
Полскиот претседател Анджеј Дуда на таа социјална мрежа предупреди дека Полска не може да си го дозволи луксузот да ја гледа војната во Украина настрана и дека од првиот момент испраќа оружје и прима воени бегалци од својот сосед, кој беше нападнат од Русија.
Дуда во интервју за британскиот Би-Би-Си изјави дека не верува оти Русија би се осмелила да нападне Полска или која било друга членка на НАТО.
„Не верувам дека Русија ќе ги нападне земјите на НАТО, која било земја, дека ќе има храброст за отворена војна со НАТО пактот, ако го земеме предвид членот 5 за колективна одбрана и ако имаме на ум дека тешко Русија се обидува да ја освои Украина во последните две години, но не успеа да го победи украинскиот народ и неговиот херојство“, изјави претседателот Дуда, пренесуваат полските медиуми.