Шансите да умрете на пат додека одите да купите лото се поголеми отколку да добиете на лотарија: Факти кои ќе ве изненадат
Дали знаевте дека нашиот ум талка бесцелно дури 30 проценти од времето во текот на животот, дека сме покреативни и поискрени кога сме уморни, но и дека сме многу порационални и правиме логични потези кога размислуваме на странски јазик.
-Кога плачеме од среќа, првата солза радосница секогаш ќе потече од десното око, а солзите од болка од левото.
-Среќата, тагата, гневот, одвратноста и изненадувањата се единствените емоции кои се универзално изразени насекаде во светот.
-Ниту еден слеп човек никогаш не развил шизофренија.
-Дури 80 отсто од нашите разговори со луѓе се во форма на жалење или лелекање за се и сешто.
-Во текот на својот живот, човек поминува просечно растојание што е еднакво на она што е потребно за три пати да го пропатува светот.
-Луѓето кои волонтираат се посреќни во животот.
-Речиси 90 проценти од нас комуницираат преку СМС пораки за нешто што е тешко да се каже во нашите очи.
-Шансите да умрете на пат додека одите да купите лото грепка се поголеми отколку да добиете на лотарија.
-Човекот е за еден процент понизок навечер отколку наутро.
-Друштвото на среќни луѓе нѐ прави посреќни.
-Песната ни е омилена затоа што не потсетува на некој емотивно важен настан.
-Најголем стрес трпат луѓето на возраст од 18 до 33 години.
-Комичарите и забавните луѓе често се подепресивни од другите.
-Мажите имаат шест пати поголеми шанси да бидат погодени од гром отколку жените.
-Парите потрошени на важни животни искуства ќе имаат голема емотивна вредност.
-Кога сме сами, околу нас најмногу забележуваме среќни парови, а кога сме во врска регистрираме задоволни самци.