Шефот од Брза кујна Марк, се ожени: Ама погледнете каква свадба направи- македонец во душа
Тој е еден од најдобрите готвачи- шеф во кујната, шеф со титула. Неговото појавување на тв. екраните во кулиранското шоу Брза кујна предизвика големи симпатии, а тој не забавува секојдневно со своите кулинарски рецепти. Марк инаку е Французин.
Најново е што се ожени.
Тој често зборува дека е во врска со македонката Василка Димовска. А, во шоуто редовно ги засмејува учесниците и гледачите со неговиот хумор.
Познат е на јавноста по уникатните, елегантни и уметнички кулинарски дела, но и по тоа дека јавно споделува колку многу ја засакал Македонија.
На Фејсбук, неговиот син сподели видео од венчавката на Марк и Василка. Шефот за овој убав повод одбрал тегет костим со светло сина кошула и вратоврска со интересен дезен, а невестата убава бела венчаница со нежна чипка.
Забележително на видеото се зурлите и тапаните, инструменти кои се неизбежни за една Македонска традиционална свадба.
Видео и Фото: Фејсбук