ШОК: Ова суштество има 100 анални отвори, кога ќе се размножи, очи и мозок му растат од нив! (ВИДЕО)

Еден задник е обично доволен за повеќето животни, освен ако не сте вид на морски црв чие тело се разгранува од главата во десетици различни насоки, а секоја од овие „гранки“ завршува со задник. Но, овие црви не се посебни само затоа што имаат токму задници, туку затоа што од задникот кога се размножуваат можат да им пораснат очи и мозок, пишува LiveScience.

Научниците детално ги проучиле овие необични океански суштества со име Ramisyllis multicaudata и живеат во водите близу Дарвин во Австралија. За прв пат, тие ја опишаа внатрешната анатомија на црвите, што е невообичаена како и нивната надворешност.

Ramisyllis multicaudata е сегментиран црв од семејството Syllidae во кој има околу илјада опишани видови, но само два од нив се всушност големи, разгранети тела - R. multicaudata и длабокио морскиот црв Syllis ramosa.

Разгранување на телото е доста честа појава кај растенијата и габите, но кај животните ваквата анатомија е скоро невидена, според Австралиската академија на науките.

R. multicaudata беше откриена во 2006 година и именувана во 2012 година. Научниците потоа документираа „голем број“ анални отвори. Нивните задници стануваат уште поинтересни кога црвот е подготвен да се размножува. Потоа, тие создаваат сегментирани клетки наречени столони, кои произведуваат сексуални органи, но и „глава со свои очи“.

„Штом столонот е подготвен, тој се одделува од остатокот од телото и плива слободно додека не се спари и умре“, се наведува во студијата.


Извор: Science alert