Шок: Погледнете како Новак свири саксафон на концерот на Хаусер
За концертот на Стјепан Хаусер во Белград се бараше билет повеќе, а на неговото спектакуларно шоу во Штарк Арена присуствуваа и Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена, Сергеј Ќетковиќ, Катарина Радивојевиќ и многу други.
Соло турнејата на Хаусер е во полн ек, а по големите европски градови и распродадените концерти, конечно на ред дојде белградската и загрепската публика. Тој со синоќешниот концерт го натера Белград да заигра и ги прошета сите посетители низ целиот спектар на емоции.
- Секогаш се чувствувам највозбудено пред домашната публика. Кога можам на сите да им се обратам на мојот јазик, да ги поздравам сите посетители и да им се заблагодарам, сепак тоа е нешто посебно, атмосферата е едноставно поинаква – изјави Хаусер.
Ноле седеше во првиот ред и уживаше во шоуто. Во еден момент Хаусер го повика на сцената, тенисерот стана и не знаеше што го чека. Хаусер го натера да свири на саксафон... Па погледнете како тоа го прави светската спортска ѕвезда: