Забава // Занимливости
Шок во Струмица: Дваесеттина луѓе украле мртовец од болницата
- 21 Септември, 2020 14:00

Мислевме дека вакви нешта се случуваат само во филмовите или во поширокиот регион, ама Струмица докажа дек не е така.
Имено, ќерката и сопругата на починатиот го донеле 49 годишниот маж со отежнато дишење во струмичката општа болница.
Според директорот на болницата, Наќе Гогов, човекот за кусо време починал. Само неколку минути подоцна, вработените биле сведоци на несекојдневна случка.
Група струмичани го украле мртовецот од инфективна амбуланта.
Дваесетина луѓе го изнеле мртовецот со болничкиот кревет и го однеле со сопствено комби.