ШОК ВО ЖИВО: На водителките среде емисија им соопштуваат дека се позитивни на коронавирус (ВИДЕО)

На водителките Ана Наваро и Сани Хостин среде американското шоу „The View“ на телевизијата ABC им беше кажано дека мора да го напуштат шоуто.

„Вие две мора да излезете за момент“, им вели човекот зад камерите.

Ана и Сани се вакцинирани со двете дози, но мораа да го напуштат студиото пред доаѓањето на американската потпретседателка Камала Харис, бидејќи им беше потврдено дека имаат коронавирус. Со нив во студиото беа уште двајца водители. „Се чини дека тука се случува нешто за што не сум 100 проценти свесна. Може ли некој да ми објасни што се случува? “, коментираше водителката.

Потоа им објасни на гледачите што се случува.

„Бидејќи ова ќе биде главната вест во секој момент, Сани и Ана очигледно се позитивни на коронавирус. Колку и да се трудите, вакви работи се случуваат, тие веројатно брзо ќе закрепнат и сигурно ќе биде добро, бидејќи и двете се целосно вакцинирани“, вели Бехар.

Потпретседателката Камала Харис потоа се приклучи на шоуто од друго студио во центарот АБЦ во Њујорк. Извадок од шоуто беше објавен на Твитер и има милион прегледи за еден ден.


извор:srbijadanas.com