Шокантна приказна на момчето од Босна кое мајката го напушти: Живее без струја, нема каде да се капе, неговите зборови и желби болат

Фото: preentscreen/Youtube

Мајката на Ајдин го оставила во 2015-та година и со себе го зела неговиот брат кој најмногу му недостига

Регионот го потресе приказната за момчето Ајдин Мујкиќ од БиХ, кое мајка му го напуштила и детството го поминува со дедо му Хусеин.

Откако мајка му го оставила, за него се грижи неговиот дедо, кој и самиот има потреба од туѓа грижа бидејќи одамна си ја повредил ногата и се движи со помош на патерици.

Тие двајца заедно ги надминуваат сите неволји. Живеат без никакви приходи во трошна куќа, која често нема струја.

Дедото одамна си ја повредил ногата и оттогаш не може да работи, а со тоа и да не заработи пари. Кога мајката си заминала, веројатно во потрага по подобар живот, со себе го зела и помалиот син, братот на Ајдин.

Желбата на Ајдин била да добие велосипед, но неговиот дедо не можел да му обезбеди.

Понекогаш му се јавува, но по еден повик не може да ја надомести празнината што ја чувствува осумгодишното момче. Таткото, пак, работи на терен, ретко доаѓа дома и, според дедото и момчето, не придонесува за трошоците за одгледување на детето.

- Ми недостига мајка ми, но најмногу ми недостига брат ми. Но... сѐ ќе помине – расплакано кажа момчето пред извесно време, а овие зборови го потресоа регионот.

Откако приказната за малиот Ајдин ја пренесе босанската телевизија „Хајат“, цела земја дозна за тешките услови во кои живее осумгодишното момче, социјалните работници тропнаа на вратата на дедо Хусеин.

Меѓу другото, дедото рече дека социјалните работници му рекле дека за малку ќе останеле без работа по објавувањето на приказната.

- Што да ви правам, за малиот Ајдин знаевте и порано, две години е без мајка си, како што е со мене, а за две никогаш не дојдовте - им рекол Хусеин.

Извор: Стил/Hayat.ba