Шокантно откритие во Израел: Еве што најдоа археолозите во ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ

Ново археолошко откритие го изненади светот

Во Израел е откриена површина од околу 7.000 квадратни метри за која архелозите велат дека пред 1.500 години била голема винарија.

Во однос на она што беше пронајдено, производството одело вака: Работниците газеле грозје на првиот кат, а сокот што истекувал во долните прегради се претворал во алкохол.

Течноста потоа се ставала во големи осумаголни јами во земјата, за подоцна да се флашира и да се испраќа понатаму.

- Бевме изненадени што откривме овде толку софистицирана градба (локалитет), која произведува количини што и денес би се сметале за големи. Треба да се земе предвид дека се‘ е направено рачно - изјавија за „Вашингтон пост“ водачите на експедицијата.

Локалитетот има пет прегради за пресување на грозје, распоредени на површина од еден квадратен километар, каде што, покрај самата фабрика за производство на вино, има и печки за правење шишиња, како и складишта за чување вино.

Конечниот производ е познат како бело вино од Газа и Ашкелон - од пристаништата од кои се извезуваше во Европа, Северна Африка и Мала Азија. Виното од овој дел на светот беше познато низ медитеранската област, но виното беше една од основните течности за пиење, пишува Alo.rs



Фото и Видео: Youtube