Шпаркасе Банка во соработка со Visa со нова CASHBACK кампања
Почнувајќи од 1 ноември Шпаркасе Банка во соработка со Visa започна со „VIBE ON-CASHBACK“ кампањата, со која се најавуваат нови привилегии за корисниците на пакетот за млади. Во следните три месеци корисниците на „Vibe on“ картичките имаат можност да добијат поврат на средства на нивната трансакциска сметка.
Квалификувани за учество во кампањата се сите активни корисници на „Vibe on“ пакетот, а најбрзите 3000 корисници кои во период од 1.11.2023 до 31.1.2024 ќе направат 10 продажни трансакции со „Vibe on“ платежната картичка на Шпаркасе Банка во вкупна вредност од 2 000 денари, ќе добијат еднократен поврат на парични средства во вредност од 500 денари на својата трансакциска сметка.
Секој учесник во кампањата има право да добие само еднаш поврат на средства.
Ова е одлична можност за студентите и младите активни корисници на „Vibe on“ пакетот да добијат дополнителен прилив од 500 денари и средствата да ги искористат за свои потреби.
Верувајте во иднината затоа што Шпаркасе Банка верува во вас!
#ШпаркасеБанка
#ВерувајВоИднината
#VibeOnCashBack
#CashBack
#МојВајбНаМојНачин
*Пр објава