Шрек не е измислен! Запознајте го боксерот по чиј лик е создаден

Професионалниот боксер „Францускиот ангел“, како што го викаа, зборуваше 14 јазици, беше и поет и актер, но беше исмејуван од многумина заради неговата болест.
Боксерот Морис Тилет (1903 - 1954) страдаше од акромегалија во своите 20-ти години, ретка хронична болест која предизвикува неконтролирано да растат коските. Симптомите се манифестираат со зголемување на рацете и нозете, задебелување на усните и формирање на вишок брчки на челото.
Сепак, емотивниот интелектуалец живеел како пустиник. Уживал во шаховски игри со бизнисменот Патрик Кели, кој го изневери близу крајот на животот. Починал во 1954 година од срце кое ослабнало поради болеста.
Пред неговата смрт, борачот Боби Манагоф го праша дали може да направи калапи од гипс од неговото лице. Тој се согласи. Манагоф направи три калапи. Кели со години чуваше едно на бирото во студиото, а две беа донесени во музеј.
Иако Шрек е направен по него и никој не
се сомнева во тоа, филмското студио „Dreamworks“ што го лансираше популарниот
филм никогаш не ги потврди гласините дека тоа навистина е тој ... Што мислите,
случајност или инспирација?