ШТО Е ОВА?! Луѓето една недела ја решаваат мистеријата АВТОМОБИЛ НА ПОКРИВОТ на автобуската станица и никој не разбира ЗА ШТО СЕ РАБОТИ

За бизарната глетка била информирана и градската полиција, која пред да биде отстрането возилото од станицата, се обидела да стигне до сопственикот, но безуспешно, пренесува „Одити централ“.

Жителите на францускиот Плуневантер цела недела ги мачи мистеријата на возилото „паркирано“ на настрешницата на автобуската станица. Од понеделник наутро, фотографиите од оваа глетка го обиколија светот, а додека некои се сомневаа дека се работи за „уметнички израз“, други причината ја пронашле во алкохолот.

За бизарната глетка била информирана и градската полиција, која пред да биде отстрането возилото од станицата, се обидела да стигне до сопственикот, но безуспешно, пренесува „Одити централ“.

- Тоа е целосна мистерија. Дознавме кој е сопственикот на возилото, но не знаеме како стигнало таму, а посебно нè интересира зошто - изјави капетанот Кристоф Лавал.

Корисниците на социјалните мрежи, гледајќи ја фотографијата, веднаш се посомневаа во некаква модерна уметност дизајнирана од локален уметник или дека автомобилот на станицата е дел од маркетинг проект, но полицијата брзо разјасни дека ниту една од овие теории не е веродостојна.

Помош побараа и на Фејсбук, а по една недела истражување на мистеријата која успеа да ги збуни сите, француските медиуми во понеделникот објавија дека случајот конечно е решен. Се покажа дека не се работи за алкохол, туку за „трговска расправија“ меѓу сопственикот на комбето и сторителот на овој бизарен чин. Во бес, насилникот наводно го зел автомобилот и го кренал на настрешницата на автобуската постојка.


Двајцата се донесени на сослушување и може да се соочат со обвинение за загрозување на јавната безбедност.