Што ли уште крие Египет: 59 недопрени саркофази по 2600 години излегоа на виделина

Група свештеници и високи функционери од доцниот период на антички Египет беа погребани во ковчези. Саркофазите се фасцинантни, како недопрени.

Пронајдени се во Египет, во некропола во близина на Каиро,точно 59 добро сочувани саркофази, стари повеќе од 2.600 години.

Египетскиот министер за туризам и антиквитети Калид Ал-Анани изјави дека саркофазите се пронајдени во многу добра состојба, пренесува Ен-Би-Си.

Фотографиите објавени од Министерството покажуваат шарени саркофази украсени со антички египетски хиероглифи.