Денешните пиштоли се модернизирани, неверојатно прецизни, брзи и овозможуваат да испукате над 12 куршуми, што ги прави крајно смртоносни.
Голем број мажи знаат да користат и поседуваат пиштоли, но многу мал број од нив знае што се случува во внатрешноста на пиштолот во моментот кога се пука..
За да сфатите како функционира ова оружје, ќе ви покажеме видео, кое во детаљи ги покажува сите делови кои допринесуваат да се испука куршумот со неверојатна брзина и да усмрти се што се наоѓа пред него.
Со повлекување на чкрапалото (дел од механизмот за пукање), се активира ударната игла, која го удира задниот дел од куршумот, при што доаѓа до мини експлозија на барутот. Така се создаваат гасови кои создаават сила која го потиснува и исфрлува куршумот од цевката на пиштолот со голема брзина.