Постојат изрази што ги користиме многу често, знаејќи што велат тие во секојдневната комуникација без да знаеме што значат.
Многумина, во ситуација кога сакаат да фалат некого, ќе речат „алал вера“ наместо „браво“ или „секоја чест“, но нема сомнение дека оние кои го знаат потеклото на терминот се ретки.
Датира од времето на најстрогото владеење на Турците во овој крај, а зборот „алал“ или „халал“ потекнува од арапски и буквално значи „дозволено“ или „допуштено“, така што поимот „алал вера“ или „алал ти вера“ во буквалн превод значи „исламска вера ви дозволува (да направите нешто)“.
Во Македонија со текот на времето доби сосема поинакво значење, а многу често се користи и со иронија кога сакаме да искараме некој што направил или кажал нешто за што мислиме дека е лошо и целосно погрешно.