Швеѓанка (22) со мисија: Сакам да му родам дете на Маск на Марс! Ќе бидам првата мајка на „марсовец“...
Сакам да бидам првата жена што ќе се породи на Марс, а сакам и Илон да биде татко на тоа дете, вели Швеѓанката Елса Тора...
Јас сум навистина голем фан на научна фантастика. Никогаш не би одбила секс со вонземјанин. А ниту со Илон Маск. Мислам дека е навистина кул, тој е забавен тип. Го сакам, постојано наидувам на неговите објави на Твитер. Му праќав и пораки неколку пати. Сакам да бидам првата жена што ќе се породи на Марс, а сакам и Илон да биде татко на тоа дете, изјави шведскиот модел и инфлуенсерка Елса Тора во интервју за Дејли Стар.
22-годишната девојка со адреса во Лондон вели дека и се допаѓаат идеите на Маск за колонизација на црвената планета и дека е подготвена да помогне. Во најдобар случај, според најавите на Маск, луѓето би можеле да стигнат до Марс за околу пет години. Но, многумина се сомневаат дека е можно ...
- Би биле како Адам и Ева за Земјата. Илон и Елса за Марс - додава Елса.
Таа објасни зошто мисли дека Маск е идеален татко за нејзиното дете...
- Тој е вселенски човек. Веќе има 12 деца, има искуство и знае што прави. Само нека ме однесе горе - вели Елса.
И додека го чека одговорот на Маск, Елса има други цели во животот. Таа неодамна им откри на медиумите дека планира да спие со по еден фудбалер од 20-те тимови од Премиерлигата.
– Решив три, ми остануваат уште 17 за да го заработам „златниот кревет“ – изјави таа на крајот на октомври оваа година во интервју за Sun.
Покрај вселената, таа е заинтересирана и за фудбалот, а омилен фудбалер и е Џуд Белингем од Реал.
Фото: Инстаграм