Си ги продаваат имотите и колите за децата кои им се лекуваат во странство погодени од немилосрдниот пожар во Кочани

Секој еден родител ќе направи буквално сѐ само за неговото дете да биде добро, живо и здраво.

Од петни жили се борат да ги спасат и прават се што е во нивна моќ, па дури овие денови од што немаат избор продаваат и имоти, автомобили, разни недвижнини, само да имаат финансии плус за децата кои се лекуваат во странство.

Преку социјалните мрежи денес вестите брзо се шират, па така и овие апели за помош, и продажби .

Во овој момент состојбата по траорниот пожар во Кочани, е најкритична кај оние кои се испратени на лекување во странство, и оттука разбирливо е и загриженоста на семејствата кои бараат помош.


Затоа сите ние мораме да бидеме сплотени и да помогнеме на било каков начин. Да ја покажеме хуманоста сега кога најмногу им требаме.

Преку страницата на supportkocani која може да ја ВИДИТЕ ТУКА , пак исто така може да се погледне целата листа на семејствата погодени од пожарот. 

Да си помогнеме, зошто секој денар нив им значи многу во овие тешки времиња.