Си го оствари сонот: Убавиот Мики на венчавка отиде со ШЕСТ бремени жени - секоја носеше НЕГОВО дете! (ФОТО)

Тој може ...

Контроверзниот богаташ познат како Прити Мајк, предизвика лавина од коментари откако дошол на свадба во Нигерија со шест трудници и изјавил дека сите се бремени од него.

Тој објави фотографии од венчавката на Инстаграм, каде ја сподели среќната вест со своите 250.000 фанови. Со сите нив, шесте.

"Ова не е трик. Ние едноставно живееме одличен живот", рече Прити Мајк, вистинско име му е Мајк Езе-Нуали Нуогу.


Пред три години, според нигериските медиуми, Убавиот Мики бил уапсен затоа што на втората венчавка ги ставил своите придружнички во синџири и ги шетал со синџири. После тоа, тој наводно потпишал изјава дека нема да повторува деградирачки постапки кон жените.

View this post on Instagram

A post shared by Pretty Mike Of Lagos (@prettymikeoflagos)


Тој претходно јавно тврдеше дека има повеќе љубовни партнери одеднаш.

Минатата година тој позираше со пет жени во венчаници и откри дека неговиот сон е да се ожени со „две поранешни девојки и три сегашни“.

„Сите имаме соништа и фантазии“, рече тој во тоа време.


Фото и Видео: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Се шири сексистичката изјава на свештеник од Ниш: Жени, сè ставате во уста