Си направиле мал тунел под мијалникот и избегале од затворот: Израел на нозе- како им успеало?
Модерните затвори најчесто се опремени со најсовремена технологија за надгледување, но секогаш и секаде се случуваат пропусти. Сме слушале за различни бегства од затвори со најсилно обезбедување, ама ова бегство кое ни доаѓа од Израел е посебно.
Израелската полиција организираше голема потера во северен Израел и окупираниот Западен Брег, бидејќи синоќа шест затвореници од Палестина избегаа од затвор, пренесе Би-Би-Си.
Поставени се блокади на патиштата и полицијата патролира во областа, а 400 затвореници се префрлени како мерка на претпазливост за да спречат понатамошни обиди за бегство, објави израелското воено радио.
Затворениците избегаа со помош на луѓе надвор од затворот, преку тунел ископан до затворот Гилбоа, кој се сметаше за еден од најбезбедните.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет го нарече бегството „сериозен инцидент“ кој бара максимален напор од разни израелски безбедносни служби.
Бенет постојано е информиран за бегството што се случи само неколку часа пред почетокот на еврејската Нова година.
Властите јасно не веруваат дека избеганите затвореници претставуваат опасност за јавноста и нема информации за промената на рутината.
Избеганите затвореници се на возраст меѓу 26 и 49 години
Се претпоставува дека затворениците се упатуваат кон Џенин, на окупираниот Западен Брег, каде меѓународно признатите палестински власти имаат барем одредена контрола и каде што екстремистите отворено се судрија со израелските сили во последните недели.
Израелски хеликоптери летаа над градот утрово, а палестинскиот затворски клуб што ги претставува поранешните и сегашните затвореници изјави дека избеганите затвореници се на возраст од 26 до 49 години.
Еден од нив е 46-годишниот Закарија Зубеиди, која беше во затвор од 2019 година и беше лидер на бригадата Ал Акса поврзана со организацијата Фатах за време на второто палестинско востание пред повеќе од 20 години.
Четворица затвореници отслужуваат доживотна казна затвор, соопшти клубот.
Израелските медиуми објавија фотографија од излезот од тунелот и едно лице во црна маица кое гледа во дупка во земјата.
Од видеото што е објавено се гледа тесен премин во подот под мијалникот, а бегалците преку тој премин стигнале до дренажниот систем на затворот.
וכך זה נראה מתוך תא 2 אגף חמש בכלא גלבוע.
פיר מנהרה בשירותים שהוביל אל מחוץ לחומות הכלא pic.twitter.com/IsKfG8B56R
Палестинските екстремистички организации побрзаа да го пофалат бегството. Портпаролот на Исламскиот џихад Дауд Шахаб го нарече „историски чин што ќе предизвика сериозен шок за израелскиот безбедносен систем и ќе претставува удар за армијата и целиот израелски систем“.
Бегството покажува „дека борбата за слобода со окупаторот продолжува и се шири внатре и надвор од затворот за да се постигне тоа право“, рече портпаролот на Хамас, Фавзи Бархум.