Забава // Занимливости
Си пресудил сам: Професор обвинет за силување се обесил во затвор
- 09 Септември, 2020
Професор обвинет за силување, си пресудил сам и се обесил во казнено-поправна установа. Несреќата според медиумите во земјава се случила вчера попладне.
Професорот од Тетово кој имал шеесет и една година со иницијали С.М., животот си го одзел во ќелијата кадешто бил сместен.
Тој беше уапсен на крајот на февруари годинава како осомничен за обид за силување на малолетничката. Обидот за силување го пријавила мајката на девојчето.
Во полиција го пријавила мајката на малолетното девојче. А немилиот настан се случил на почетокот на годинава.