СИЛЕН БИЗНИСМЕН СО КОМПАНИЈА ВО АМЕРИКА СО 400 КАМИОНИ - Трајче Ристовски е нашинецот кој ќе гради во Кавадарци со 30 милиони евра

Трајче Ристовски е нашинецот од Америка кој ќе го гради големиот комплекс во Кавадарци, Литл Америка, и во кој планира да вложи 30 милиони евра.

Во разговор за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, открива повеќе детали за планираната инвестиција.

„Зошто да не го откријам. Тоа е Трајче Ристевски, тој е мој другар одамна. Тој живее и работи во САД повеќе од 20 години и има многу успешен бизнис таму. Работи во областа на транспортот и неговата компанија поседува повеќе од 400 камиони. Исто така, работи и во областа на трговијата со недвижен имот“, објаснува Јанчев. 

На нашето прашање како се успеа да се заработат 30 милиони евра, Јанчев вели дека тоа е американски систем, каде вредните и чесни луѓе што знаат да работат, умеат и да остварат профит, а не како во случајот со нашите компании, каде што се уште, како што вели, е прилично слаба профитабилноста.

Целиот текст можете да го прочитате на ФАКТОР