Силен земјотрес ја погоди Херцеговина: Нема извештаи за евентуални штети
Силен земјотрес ја потресе Херцеговина околу 21 часот,
соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според податоците на
EMSC, епицентарот на земјотресот со јачина од 4,4 степени бил на 20 километри
од Столац.
Како што изјавија за порталот „Аваза“ од Оперативниот центар на Управата за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон, засега нема извештаи за евентуални штети.
Eyewitnesses reported shaking in #Bosnia&Herzegovina 3 min ago (local time 21:05:25)
— EMSC (@LastQuake) December 2, 2022
More info soon! pic.twitter.com/0b7c0oys8B
Земјотресот е почувствуван низ цела Херцеговина, во Сараево, но и во јужниот дел на Хрватска.
- Паника! Прво татнеж, па потрес... Силно! Сè во куќата се тресеше! Се чувствував добро, нема начин да се запре. Доста бучно... и не беше многу кратко! Леле... Ова беше доста вознемирувачки... - напишаа граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ.
Фото: Твитер