Силк Роуд Банка ги избра најдобрите банкарски службеници за 2023 година

Напорната работа, истрајноста и вложената енергија во остварување на добра соработка со клиентите и колегите секогаш носи резултати!

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2023 година за нивната посветена работа и остварени резултати!

Оваа година, ова значајно признание го добија двајца наши колеги кои се истакнаа со својот ангажман во исполнување и надминување на планираните резултати во Силк Роуд Банка:

* Даница Исаевска, заменик раководител на експозитура Автокоманда

* Павлина Трифуновски, банкарски службеник во експозитура Битола

Им честитаме и на двете! Задоволство ни е што сте дел од нашиот тим и ви посакуваме уште многу успеси и признанија во иднина!

ПР објава